Куршум од револверот на убиецот на Џон Ленон ќе биде ставен на аукција

Фото: EPA

Куршум, испукан од револверот што го уби музичарот Џон Ленон во 1980 година, ќе се најде на аукција во англискиот град Њукасл на Тајн и се очекува да достигне цена од 2.300 евра.

Аукциската куќа „Андерсон и Гарланд“ ќе го продаде во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец од Њукасл.

Имено, Тејлор бил застрелан при посета на њујоршката полиција во 1984 година, додека се возел во полициски автомобил. Во знак на извинување, тој бил однесен во полицискиот музеј, каде се чува револверот.

„Таму му било дозволено да испука куршум од оружјето што ја уби една од најобожуваните музички ѕвезди, Џон Ленон. Куршумот и чаурата му биле дадени на Тејлор како подарок. Тој ги закачил на ѕидот на неговата канцеларија, каде што останале до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата веб-страница.

Во рамката се наоѓа фотографија на Тејлор во униформа како држи оружје.

Семејството на Тејлор одлучи да го предаде предметот на другите обожаватели на пејачот на „Битлси“, соопшти аукциската куќа.

Убиецот на Ленон, Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот