Купиле надзорна камера за бебето, па се пожалиле веднаш штом ја погледнале снимката (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Кога овие родители купуваа камера за следење на своето бебенце, не знаеле дека на крајот ќе зажалат поради тоа.

Имено, гледајќи ги снимките од собата на бебето, заклучиле дека тоа изгледа ниту помалку, ниту повеќе, туку како мал демон на кое му светат очите.

– Набавивме нов видео-надзор за нашето бебе. Сега мислам дека тоа беше грешка – напишале на објавата на Твитер.

– Го крстивте ли вашето дете? Ако сте го направиле тоа, можеби треба да се обидете повторно. Очигледно првиот пат не успеало – им напишала една девојка.

– Го крстивме, но бебето ја претвори водата во крв, свеќникот почна сам да се качува по ѕидот, тоа беше вистинска сцена – урнебесно одговорил таткото на бебето.


Откако необичната фотка собра 400 илјади лајкови, таткото на детето се одлучил малку да се пошегува поради големото внимание кое ја доби неговата објава на Твитер.

– Се ова со бебето малку стана невообичаено, па за тоа одлучив да објавам нормална слика да видите колку е сладок – напишал над фотошопираната фотка.

На крајот, родителите сепак откриле што се крие позади овие фотографии. Нивното „демонско“ дете е всушност фотка која се наоѓа на етикетата на душекот – пренесува Мирор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот