Куп: Кошаркарите на Пелистер во финишот го скршија отпорот на Еуро Никел

фото: kfsm.mk

Пелистер и Еуро Никел 2005 одиграа едно интересно и возбудливо четвртфинале во кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, а во полуфиналната фаза оди екипата од Битола која славеше во СРЦ „Кале“ со 79:70.

Битолчани имаа подобар старт на овој натпревар, во првата четвртина стекнаа предност од „плус седум (19:12), но во првите 10 минути играчите на Еуро Никел беа тие кои водеа со 20:28.

Во следниот период Еуро Никел беше екипата која доминираше паркетот, неколку пати имаше и двоцифрена предност од 20:31, 23:34 и 26:36. Но, во третата четвртина Пелистер почна да ја топи својата негатива и во последните 10 минути влезе Еуро Никел влезе само со еден позитива (61:62).

Еуро Никел за кратко само ја зголеми позитивата на 61:66 на стартот од последната четвртина, но потоа на паркетот како да играше само една екипа, односно до крајот на мечот Пелистер огромна серија од 18:4 што беше клучно за крајниот епилог.

За Пелистер најефикасен беше Американецот Карпентер со 22 поени, следен од Караџовски со 20, а на спротивната страна блескаше Л. Стојановски со 17 коша, а еден поен помалку запиша Соколов. За пласман во големото финале Пелистер ќе игра против Феникс 2010 кој претходно го елиминираше Гостивар.

– Самото отворање на мечот беше онака како што се договоривме, од некоја седма минута, па натаму, мечот доби свој тек. Еуро Никел потоа почна да игра порелаксирано и знаеше како да решава во завршница на нападите. Ние за десетина минути примивме 28 поени, а кога имате таков пад, нормално е да има нервоза. Се очекуваше овој меч да биде до последна топка, но цела тензија беше присутна, повеќе кај нас. Но, се надевам дека целата таа нервоза ќе замине денеска, а веќе од утре ќе изгледаме како што треба. Морам да им честитам на играчите затоа што три дена сме без услови за тренинг, бидејќи такви беа условите, немавме можност да тренираме како што треба, а и секоја година имаме болни играчи кои го дадоа својот максимум. И ние и Феникс имавме исцрпувачки натпревар. Јас не го искористив целиот ростер, играв со скратена ротација затоа што самата цврстина на мечот не го дозволи тоа. Ја користев тренерската филозофија, се „коцкав“, но се надевам дека на следниот меч тие што не играа многу денеска, ќе ни дадат една свежина – рече тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски по пласманот во полуфиналето.

МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во Купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот