Феникс 2010 го совлада Гостивар и ќе игра во полуфиналето на кошаркарскиот Куп

фото: kfsm.mk

Во второто четвртфинале од кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштер“ се водеше неизвесна битка до последната минута, на крајот славеше Феникс 2010 против Гостивар (72:70) во СРЦ „Кале“ – Скопје.

Сите дилеми на мечот беа буквално решени во последните 20 секунди. Најискусниот играч во екипата на Феникс 2010, Трајковски погоди две слободни фрлања, потоа еден од најмладите Митревски уште едно, за минимален триумф и место во полуфиналето.

Трајковски беше двоцифрен според бројот на поени – 25, но и скокови – 15, а Митревски го следеше со 16 поени и шест асистенции.

Одлично издание во Гостивар имаше Вучковиќ, кој освен 20 поени, запиша и 15 скокови.

– Одигравме претходно меч со Гостивар во првенството кој го добивме доминантно. Влеговме поопуштено во мечот, но противникот беше мотивиран за одмазда. На крајот успеавме да се вратиме и да добиеме мечот. Игравме со двајца нови играчи кои дојдоа пред еден ден, малку бевме „тенки“ во ротацијата, но верувам дека како одминува времето ќе бидеме подобри. Јас како карактер секогаш одам на победа, без разлика кој ни е ривал, тука сме дојдени да играме финале – рече Денис Дервишевиќ, тренерот на Феникс 2010 по пласманот во следната рунда.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ

Четвртфинале

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 80:68

Гостивар – Феникс 2010 70:72

17.00 часот Пелистер – Еуро Никел 2005

19.30 часот Работнички – ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во Купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот