Кумановка пријавила во полицијата дека ја следеле и се заканувале

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Сведок од претходна сообраќајна несреќа ја следел, а друго лице се заканувало на мајка од Куманово, чија ќерка загинала во таа несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што информираат од полицијата вчера во 22: 45 часот во полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово пријавила дека околу 18:00 часот, додека се движела со своето возило „БМВ” по булеварот „Октомвриска Револуција”, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф”, кое го управува К.П. (сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.).
-Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф”, но, тоа не се случило. Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада” пред нејзиното возило излегло друго возило кое и го блокирало патот. Како што пријавила Г.Ф., од возилото излегло едно лице кое ѝ упатило закани, а во тој момент од возилото излегол К.П., му фрлил некаков предмет на лицето од возилото што ѝ го блокирало патот и му дал знак да си замине- се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот