Кумановец со автомобил излетал во провалија и загинал

Фото: Илустрација

Несреќата се случила завчера во периодот помеѓу 23 до 23.30 часот на локалниот пат Арбанашко – Кокино.

Четириест и четиригодишен жител на селото Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија.

Несреќата се случила завчера во периодот помеѓу 23 до 23.30 часот на локалниот пат Арбанашко – Кокино, кога Дејан Петковски (44) со своето возило „голф 2“ се движел код градот. Од непознати причини возилото излетало од патот и паднало во провалија.

Случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на противпожарната единицата од Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово.

Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот.Телото е пренесено во Општата болница Куманово, а се работи на расчистување на причините за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот