куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул, објави ТВ „21“ повикувајќи се на извештајот на Судска медицина за смртта на кумановецот, кој почина во март во болницата во градот.

Во извештајот, според телевизијата, немa наоди што укажуваат дека пациентот починал од алергија на аналгин, како што тврдеа членовите на неговото семејство.

Од Основното обвинителство велат дека ќе го отфрлат овој извештај и повторно ќе бидат побарани точни резултати за присуството на аналгин во телото на починатиот и за ефектите на лекот на денот на неговата смрт, пишува ТВ „21“.

Состојбата на Адеми се влошила еден час откако примил инфузија во која била додадена ампула од лекот против болки. Таткото на починатиот Ведат тогаш изјави дека дека ниту лекарот ниту медицинската сестра не ја отвориле здравствената книшка за да проверат дали пациентот е алергичен на некој лек, каде што пишувало дека тој има алергија на аналгин. Веднаш по ова, директорот на кумановската болница беше разрешен од функцијата, а Основното обвинителство во Куманово отвори истрага поради сомневања за медицинска грешка, исто така според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот