Култниот џемпер со црна овца на принцезата Дијана се продаде за 1,1 милион долари

Фото: AA_ABACA/ Abaca Press /Profimedia

Познатиот црвено-бел џемпер на принцезата Дијана, кој е познат и како „црната овца“, по две недели е продаден на онлајн аукција за повеќе од 1.1 милион долари во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк, пишува британски „Телеграф“.

Опишано како едно од најкултните парчиња облека што некогаш е носено од член на кралското семејство, џемперот беше изложен во лондонската галерија на „Сотби“ од 17 до 19 јули. На 7 септември започна аукцијата во Њујорк, каде наддавањето започна со проценета цена од 40.000 до 70.000 фунти.

Фото: Instagram/ sothebys

Со оваа продажба на која биле дадени дури 44 понуди, црвено-белиот џемпер постави неверојатен рекорд и влезе во историјата како најскапо платен предмет од гардеробата на покојната принцеза.

Инаку принцезата Дијана, првпат го носеше волнениот џемпер, со црно-белиот мотив на овците, во јуни 1981 година, на поло натпревар со нејзиниот вереник Чарлс, тогашниот принц од Велс.

ФОТО | На аукција култниот џемпер на принцезата Дијана: Се очекува да достигне цена од 70.000 фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот