КУЌА НА ДУХОВИ: Сите нејзини сопственици умреле на мистериозен начин

На еден и пол километар од Ловран во Хрватска, стои куќа како светилник на каменото плато, а над неа се протега неколку стотини метри висок камен рид. Мештаните со години преплашени ја избегнувале куќата која некогаш била хотел. Веруваат дека куќата ја опседнуваат душите на злоставуваните девојки кои биле мачени во неа. Многумина не сакаат ни да зборуваат за неа, а оние кои ќе прозборат велат само дека е проколната, пишува Експрес.

Во куќата, наводно, се случувале чудни работи, а постојат и сведоштва на луѓе кои „за влакно“ избегнале трагедија.

Аваз. ба

Автомобилот се лизгал кон провалијата, па во карпата удрил гром

Една од таквите приказни е онаа за угледниот опатиски угостител, кој со љубовницата се скрил во куќата за да се засолнат од дождот. Одеднаш на катот се слушнала галама, смеење, тропање на чаши и чинии, како да има некаква забава. Изненадениот пар се скаменил.

И покрај силното невреме побрзале кон колата, го стартувале моторот, ама гумите се вртеле во место. Како на филм, автомобилот почнал полека да се лизга кон длабоката провалија.
И кога веќе помислиле дека е крај, над куќата удрил гром, а во истиот момент автомобилот тргнал по патот.

Аваз.ба

Повеќето сопственици брзо починале

Боривој Буква од Ријека пред десетина години се охрабрил и отишол да ги истражува „духовите“ во куќата. Глетката го шокирала. Во урнатините имало плетени фотелји, маса и колепка за бебе, како и четири чинии на масата.

Знаел дека со тоа не треба да се шегува, особено бидејќи во последните сто години куќата „ги убила“ сите свои сопственици, но и случајните минувачи кои само престојувале во куќата.

Буква рекол дека сопственикот на куќата ќе мора да биде странец, бидејќи и нејзиниот прв сопственик бил странец. Само тој ќе може да ја реновира и да ја користи како угостителски објект, како што и била на почетокот.

Порано куќата била прекрасен хотел. Доаѓале гости од Австро-Унгарија. Една ноќ, во 1923 година куќата се запалила, а наводно ја запалил самиот сопственик поради осигурување. По некое време куќата ја купило едно семејство и почнало да ја обновува. Но, торнадо го подигнало покривот и ги расфрлало керамидите низ селото. Ниту една друга куќа не била оштетена.

Набрзо потоа сопственикот се разболел и умрел.

Другиот сопственик умрел од ненадејна болест, а следниот во сообраќајна несреќа неколку месеци откако почнал да ја реновира.

Во куќата гром ги убил чешките туристи кои влегле да се засолнат од дождот.

„Куќата е таа која сама ги бира своите сопственици“, објаснил Буква и додал дека имал чувство како нешто го турка кон провалијата додека бил таму.

На два внатрешни ѕида нацртани се големи крстови, како некој така да сакал да се заштити.

Аваз.ба

Три жени биле мачени и убиени

Во куќата биле мачени и убиени три жени. Едната за време на Втората светска војна, а две подоцна. Главен организатор на злосторствата бил италијанскиот фашистички началник Скробони, роден во Ријека. Тој бил задолжен да носи млади девојки во упориштето на италијанската војска во Опатија. Дел од девојките завршувале во Опатија, а оние кои високите началници не би ги одбрале за забава, Скробони наводно ги носел во куќата.

Една мештанка раскажала дека во 1912 година маж во куќата ја заклал жена си поради љубомора. Потоа се соблекол гол и се фрлил од карпата.

Сегашниот сопственик навистина е – странец!

Денешниот сопствфеик, чиј покоен татко настрадал во сообраќајка кратко откако почнал да ја реновира куќата, ја уредил како угостителски објект. Не верува во приказни за духови, а куќата ја обновил каква што била. Тој е по потекло Унгарец и Италијан.
„Овде сме веќе 6 години и ништо чудно не се случи. Баш напротив, гостите постојано ни се враќаат и велат дека кај нас се чувствуваат одлично“, вели сопственичката на хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот