Кучето Кико, за кое се крена Македонија на нозе, замина дома

Кико

активистите за права на животните бараат промена на законската регулатива во однос на бездомните кучиња позитивни на лишманија

Миленикот на велешани, кучето Кико кое беше заловено и на кое му се одреди датум за еутаназија поради лишманија, си замина дома. Ова го објави Моника Петровска која гушната со Кико ја сподели веста дека Кико е спасен.

Кико замина дома,
Фото: Фејсбук/ Моника Петровска

Петровска порача дека активистите за права на животните бараат промена на законската регулатива во однос на бездомните кучиња позитивни на лишманија, односно да се овозможи рок од 30 дена за нивно вдомување,Таа потсети дека Кико 17 дена беше затворен, додека сите љубители на животни се молеа за негов спас.

Кико имаше среќа и си најде вдомувач, независно од болеста. Сега продолжува битката за негово оздравување.

Активистите за заштита на животните бараат да се врати Кико миленикот на велешани

Моника Петревска на својот профил напиша:

Ќе те исмеваат, ќе те понижуваат, ќе те вреѓаат, ќе се смеат. Но со текот на годините тоа повеќе не допира до тебе поради исходот од резултатот.

Страв, паника, надеж, разочарување.
Се така во круг 17 дена.
17 дена како тој е затворен и чека некој да го изнесе за физиолошки потреби, се стега и чека со саати.
17 дена чека да слушне познат глас како го изговара неговото име.
Ќе не слушне, ќе се израдува, и по неколку саати веќе е тажен и разочаран, оставен е повторно зад решетки…
Неизвесност.
Се молиш секое наредно утро да дознаеш само дека е жив, се надеваш дека некој ќе ти влее барем малку надеж.
Се надеваш дека некој “помеѓу” нив е сеуште човек со грам емпатија и разбирање.
Се надеваш дека некој “помеѓу” нив не е само од профит и интерес вработен.
Од друга страна сето сценарио ти е толку многу надежно, бидејќи сте голема група на луѓе што ве споило едно бездомно куче, за кое сите чуствувате многу голема љубов.
Еутаназија. Збор кој секој ден те удира од земја и те враќа во реалноста.
Некој сака да одлучи ден и час кога да се умре, а тоа не е Господ……
Велес, Струмица и пола Македонија на нозе- да спасат куче. Еј!
УСПЕАВМЕ!
Кико е спасен 🥹🥹
Кико е само една капка во океанот.
Кико е куче со име и историја.
Утре ќе биде куче без име, или куче што го знаат три фамилии бидејќи го хранеле.
Утре друго куче ќе биде позитивно на лишманија и успано за само неколку часа.
БАРАМЕ: Промена на законот за бездомни кучиња позитивни на лајшманиоза.
30 дневен рок за вдомување на истите!
Нека Кико биде лекција до сите!
Чипирајте ги кучињата кои ги сакате, вдомете ги, пазете ги!
Голема заслуга и благодарност до сите кои се фатија за телефон и вртеа на сите страни.
Посебна благодарност до градоначалникот на Општина Велес Marko Kolev и Slavica Zaeva за сиот напор што го вложи.
Ова немаше да успее без луѓето кои Кико не спои и сплоти!!!!!!!
ОДИМЕ ДОМА!
Кој сака да му подари поклонче нека каже 🎁😗

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот