кучиња скитници/фото слободен печат / слободан ѓуриќ

Чувано, па напуштено куче нападнало четиригодишно девојче во двор во Битола

Четиригодишно девојче вчера вечер било нападнато од куче кое влегло во двор од куќа во Битола, по што веднаш реагирале надлежните служби. Според информациите на локалните медиуми, станува збор за бездомно куче кое било чувано, но сопственикот го напуштил.

За повреденото девојче на Фејсбук помош побара вујкото на девојчето, Сафет Бајрамов.

„Ве молам за помош, ако некој го знае бројот на шинтерската служба Битола, денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето, 4 годишно“ напиша на Фејсбук Бајрамов.

Од Прифатилиштето „Хачико“ коешто работи во рамки на Јавното претпријатие „Комуналец“ информираат дека по добиената пријава за каснување, шинтерската служба веднаш излеглае на терен и кучето е заловено во напуштен објект во близина на местото на настанот.

 „Станува збор за куче-мешавина од кангал, односно напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат. Кучето е транспортирано во прифатилиште, каде ќе биде ставено под ветеринарен надзор и опсервација согласно предвидените процедури. Случајот е пријавен во АХВ и МВР, а надлежните институции ќе постапуваат согласно законските надлежности“ информираат од „Хачико“.

Кучиња скитници растргнале двегодишно дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот