Фото: Facebook /Clark Township Police Department

Куче што исчезнало пред две години, било пронајдено на 1.600 км од домот

Едно семејство од Тексас остана во шок откако доби повик дека нивното куче, кое беше исчезнато речиси две години, е пронајдено живо и здраво на другата страна од Соединетите Американски Држави.

Коко, кучка од расата минијатурен шнауцер, била пронајдена повеќе од 1.600 км од домот во Глен Хајтс, Тексас. Полицијата во Кларк, Њу Џерси, објави дека Коко била забележана како талка во близина на трговскиот центар Кларк Комонс на 4 март, што ги натера жителите да се јават во полиција.

Полицискиот службеник Ник Курус одговорил на повикот и ја однел изгубената кучка во станицата. Таму, полицајците пронашле информации од служба за пронаоѓање домашни миленици и ги искористиле за да го добијат името и телефонскиот број на последниот регистриран сопственик. Кога Курус се јавил, семејството не можело да верува дека Коко е пронајдена. Според полицијата, тие биле „шокирани“ од веста и рекле дека Коко исчезнала пред две години во Тексас.

Фото: Facebook /Clark Township Police Department

Семејството веднаш почнало да планира патување во Њу Џерси за повторно да го види своето домашно милениче. Во меѓувреме, Коко не завршила во засолниште, туку останала во полициската станица неколку дена.

– Наместо да ја испратат во засолниште, полицајците од Кларк се грижеа за неа во следните три дена – соопшти полицијата.

Ја искапиле, ја нахраниле, ја прошетале и ѝ дадле ќебиња и играчки што ги купиле сами.

Долгата приказна за Коко заврши среќно на 7 март, кога нејзините сопственици дојдоа да ја земат. Средбата беше многу емотивна, а полицијата вели дека штом Коко ја видела својата сопственичка, таа истрчала директно кон неа. Во соопштението се додава дека сопствениците се исклучително благодарни за грижата и сочувството што полицијата од Кларк го покажала кон нивното куче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот