Полицијата извести убиецот е уапсен и против него до ОЈО е поднесена пријава за кривично дело убиство.
Полицијата извести дека до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднела кривична пријава против И.Е. (36) од Скопје кој е осомничен за кривично дело убиство.
Во полициската пријава пишува дека тој во куќа на улицата „Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б. (33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала.
И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населбата Шуто Оризари кон село Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 5 август лани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …