КРИЗАТА ВО ХОНГКОНГ ПРОДОЛЖУВА: Хаосот од улиците се префрли во парламентот

Фото: Принтскрин/BBC

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, беше принудена да го суспендира нејзиното годишно обраќање, откако беше прекинувана неколку пати од опозициските пратеници. Опозицијата ја прекина сесијата во паламентот со гласно скандирање на слогани и пораки кон лидерката.

По првиот прекин, сесијата продолжи само за повторно да биде прекината. Потоа, својата порака лидерката Лам ја испрати преку видео.

Таа кажа дека Законот за екстрадиција, кој беше главната причина за почеток на протестите во Хонгконг, формално не можел да биде повлечен.

Законот кој беше суспендиран во јули, во средата првпат продолжи да расправа во парламентот, што беше и прва шанса за целосно повлекување на законот.

Сепак, појавувањето на Лам предизвика негодувања во парламентот, а кога се обиде да го започне својот говор, пратениците од опозцијата започнаа да скандираат и да истакнуваат пароли.

Тие исто така ги нагласија зборовите „пет барања – ниту едно помалку“. Од почнувањето на протестите, демонстрантите ги зголемија своите барања и освен повлекувањето на законот, тие имаат и други барања.

Од почетокот на протестите, барањата на демонстрантите се зголемија на пет точки:

– Протестите да не бидат карактеризирани како „немири“
– Амнестија за уапсените активисти
– Независна истрага за наводната полициска бруталност
– Имплементација на целосно универзално право на глас
– Повлекување на Законот за екстрадиција

Опозиционерката Тања Чан смета дека Кери Лам е одговорна за проблемите во Хонгконг.

– Двете нејзини раце се прекриени со крв. Се надеваме дека Кери Лам ќе се повлече и ќе поднесе оставка. Таа не знае како да владее и не е соодветена за лидер – истакна Чан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот