Кривопаланчанец си го малтретирал детето, го терал да питачи и да краде
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против кривопаланчанецот А.Р. (38), кој се сомничи дека направил кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
Препорачано
„Во периодот од 20.01.2026 до 25.02.2026, пријавениот ја запоставил родителската должност за грижа и воспитување на неговото дете, со што му овозможил да изврши повеќе кривични дела на подрачјето на општина Крива Паланка“, информираа од МВР.
Здружението „Градиме иднина“ пред неколку месеци реагираше дека голем е бројот на случаите каде се злоупотребуваат, запуштаат и малтретираат децата во Македонија, особено за питачење. Според организацијата, во Македонија има меѓу 2.000-2.500 деца питачи.
Илија Јовановиќ, претседателот на „Градиме иднина“, посочи дека сè повеќе деца немаат здравствено осигурување, немаат извод од матична книга на родени, 236 деца живеат под небо, без дом, а 25 деца се евидентирани како жртви на сексуални услуги. Злоупотребите со деца најчесто се прават во туристичките центри, рече тој, но постојат и низ другите градови низ Македонија.
Исто така, кажа дека до крајот на 2025 година МВР поднело 246 кривични пријави поврзани со злоупотреба на деца, тргување, бизнис и проституција.
Охрид е најголемото дувло на питачи – работат до 4 часот наутро, а парите завршуваат на друго место


