Кривокапиќ: Црногорската влада нема да се откаже од нормализација на односите со Србија

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека неговата Влада нема да се откаже од нормализација на односите со Србија, бидејќи тоа би значело откажување од роднините, браќата, пријателите, историјата, традицијата.

– Ние еден режим, покрај другото, го испративме во минатото поради фактот што сакаше сето тоа да ни го одземе, истакна Кривокапиќ за црногорската новинска агенција МИНА.

Тој додаде дека се уште е отворена поканата за српската премиерка Ана Брнабиќ и оти не е прашањето кој ќе ја пречека туку дали таа ќе најде време за посета на Црна Гора.

Кривокапиќ повтори дека Брнабиќ и сите од Србија се добродојдени во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот