Кривична пријава за газда на градежна фирма од тетовско поради загинат работник

Фото: Драган Митрески-Градежни работни

Сопственик на градежна фирма од тетовско доби кривична пријава откако во февруари годинава, еден работник во фирмата загина, а еден беше тешко повреден, поради небезбедни услови за работа.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Р.(44) од с.Боговиње, тетовско, сопственик на фирма од Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи”. На 15.02.2021, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од с.Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово – Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што Ј.С. од здобиените повреди починал на местото на настанот, додека С.И. се здобил со тешки телесни повреди“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот