Кривична пријава и притвор за дебарчаните кај кои полицијата пронајде оружје и муниција

Кривична пријава им е поднесена на двајцата дебарчани кај кои полицијата на 21 јуни пронајде оружје и муниција.

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, кривичната пријава е поднесена од Полициската станица од општа надлежност од Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи”.

– Кривична пријава е поднесена против А.Р.(36) и Р.Р. (59), двајцата од Дебар. При извршениот претрес во нивна штала во селото Шулан, на 21 јуни годинава пронајдени и одземени беа три рачни бомби со две запалки, оквири за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети, изјави Димоски.

Тој посочи дека од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар, на пријавените изречена им е мерка краткотраен притвор, а одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот