Фото: mkd.basketball

Крива Паланка го направи првиот чекор кон титулата

Во првиот меч од финалето, кошаркарките на Крива Паланка славеа убедлива победа против екипата на Бадел 1862 (81:64), за почетно водство (1-0) во серијата од „Шпаркасе лајф“ Првата лига во женска конкуренција.

Во премиерните 40 минути од серијата „подобар во пет натпревари“, на свој терен, беа далеку подобри од екипата на Бадел 1862, со што го направија и првиот чекор кон освојување на шампионскиот трофеј.

Уште еден одличен настап во нападот на Крива Паланка имаше Робинсон со 30 поени, имаше и шест скокови и четири асистенции, додека Ниехуес забележа 17 поени и 10 скокови.

Во екипата на Бадел 1862, Клири исто така оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 12 скокови, додека Петрушевска запиша 11 поени, 10 скокови и пет асистенции.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

ВТОР НАТПРЕВАР

2/3. МАЈ: Крива Паланка – Бадел 1862

ТРЕТ НАТПРЕВАР

6. МАЈ: Бадел 1862 – Крива Паланка

АКО БИДЕ ПОТРЕБНО

9/10. МАЈ*: Бадел 1862 – Крива Паланка

13.МАЈ*: Крива Паланка – Бадел 1862

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот