кристина ковач
ФОТО: Инстаграм

Кристина Ковач започна акција на социјалните мрежи со хаштаг #ПрироднаЖена

Композиторката Кристина Ковач по пишувањата на таблоидите за тоа како изгледа денес, ги повика сите жени на социјалните мрежи да се придружат во нејзината акција #PrirodnaZena и #VolimPrirodnuZenu.

Пред неколку дена таболидните медиуми во Србија ја презедоа нејзината фотографија од инстаграм-профилоот на која таа е со својата малолетна ќерка, а фотографијата е направена во текот на нивниот годишен одмор на море. Таблоидите ја пренесоа фотографијата со неприфатлив опис за тоа како, оваа
композиторка и пејачка, изгледа.

За само неколку дена Кристина доби голема поддршка од луѓето на социјалните мрежи кои се приклучија на акцијата #PrirodnaZena и #VolimPrirodnuZenu во рамки на која постираат свои фотографии во опуштено издание.

Целта, како што наведува Ковач, е да се стави точка на „упорната и бесрамна медиумска објективизација на жените и девојките, која се заканува целосно да ја деградира не само позицијата на жената во денешното општество, туку и целото општество и неговите вредности како такви.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)

„Ни на сон не можев да се надевам на толку голем одѕив на прекрасни, разновидни жени – стари, млади, обелени, бојадисани, оние кои сакаат да се средат, оние кои тоа не го прават, мајки, ќерки, сестри, другарки, од целиот регион… Сите нас нè спои таа една и многу важна работа – неприфаќањето да бидеме изложени на потсмев, закачени на столбот на срамот, прогласни за пропаднати, грди, запуштени- ако не сме на секоја фотографија, во секој момент со фризура, убаво нашминкани, средени, испеглани“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Ковач додаде дека целта не е кој било да плука по жените кои за себе бираат пластична хирургија, ботокс, филери, тип-топ шминка, облека, нега, бидејќи тоа е нивно апсолутно право и слобода, „како што е право на нас кои тоа не го бираме, за тоа да бидеме изложени на потсмев“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)

„Не е целта да не се шминкаме, дотеруваме, бојадисуваме, средуваме и никој тоа не го рече. Повторно, да нацртаме за злобниците – целта е медиумите и општеството да сфатат дека имаме право на слобода да изгледаме како сакаме во одреден момент – ако сме расположени да се дотераме комплетно, да бидеме femme fatale, тогаш така ќе изгледаме. Ако сме опуштени со децата на одмор, со несредна коса од топлиот хварски воздух, со видливи бели израстоци, пеги и уште повеќе видлива насмевка, тогаш така ќе изгледаме!“,  истакна Ковач.

Како што таа наведе, обидот на таблоидите да ги скараат „природните„ и „неприродните“ жени е глупост и беспотребно се шири таа приказна, бидејќи тука нема расправија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)

„Не се виновни жените, ни едните, ни другите. Виновни се таблоидните медиуми, бидејќи тие се тие кои наметнуваат единствен прифатлив изглед за женското битие на Балканот. Сè друго? На насловна со навредлив наслов по портали и мрежи, по коментари, па да видиш кога следен пат ќе се опушташ, слушна? Мислам дека на сите им е сè јасно. Не наседнувајте на тактитките кои служат да нè скараат. Не дозволувајте да се заменуваат тезите, борете се каде и како умеете тоа да не се случува. За овие 24 часа на целиот Балкан, го кренавме гласот за тоа колку е погрешно да се дозволи владеењето на таквиот систем на вредности во нашите општества. Доста!“, оцени Кристина Ковач.

Оваа акција ја поддржа и многу жени од Македонија, чии постови со фотографии композиторката ги сподели на својот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот