Кристијан Шмит утре пристигнува во Белград на средба со Вучиќ

Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денеска најави дека во четврток ќе пристигне во Белград и ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Србија има важна улога како соседна земја на Босна и Херцеговина и треба заедно да работиме на понатамошниот развој и европскиот пат на Босна и Херцеговина“, рече Шмит за сараевската телевизиска програма N1.

Запрашан за најавата на Вучиќ дека ќе биде прашан која одредба од Дејтонскиот договор за државниот имот ја прекршил претседателот на Република Српска, Милорад Додик, Шмит рече дека смета дека е добро да се размислува за се и да се разговара за се што е актуелно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот