Криси Тајген за прв пат во јавноста од големата загуба обидувајќи се да ја скрие тагата со блага насмевка

Instagram

Манекенката Криси Тајген и нејзиниот сопруг пејачот Џон Леџенд, го загубија своето бебе на почетокот на овој месец. Двојката минува низ тешок период од нивниот живот и целосно се повлекоа од очите на јавноста.

Instagram

Криси заврши во болница во петтиот месец од бременоста, поради компликации. Се чинеше дека сè ќе биде во ред, но за жал таа го изгуби своето бебе.

Instagram

Тајген за прв пат беше видена во јавноста во неделата во посета на фарма со тикви во Лос Анџелес, а кога ги забележала фотографите се обидела да се насмее. И покрај сè, таа блескаше во розов, сатенски фустан што го искомбинирала со сандали.

Instagram

Криси во рацете носеше папка, па на социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулациите дека таа веќе се вратила на работа.

Криси и Џон се во брак од 2013 година, тие имаат четиригодишна ќерка Луна и двегодишен син Мајлс.

Instagram

Криси, на социјалната мрежа Инстаграм има повеќе од 32 милиони следбеници кои очајно го очекуваат нејзиното враќање. Таа е една од ѕвездите која беше многу активна на социјалните мрежи. Нема проблем да зборува за приватниот живот и постојано објавуваше видеа и фотографии од нејзиниот сопруг, деца, пријатели и дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот