Криезиу: Курти го информирал Рама дека нема да присуствува на неформалниот состанок во Тирана

Фото: wallpaperflare.com

Портпаролот на косовската Влада Перпарим Криезиу изјави дека косовскиот премиер Албин Курти нема да учествува на неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан во Тирана и дека за тоа го информирал албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Репортерс.
Криезиу како причина за отсуството на Курти го наведе Меѓународниот симпозиум што се одржува денеска во Грција.

„Пред една недела Курти беше поканет од албанскиот премиер Еди Рама на неформален ручек со еврокомесарот Оливер Вархељи во Тирана, каде беа поканети и други лидери од Западен Балкан. Меѓутоа, Курти го информира Рама дека нема да може да присуствува , како што го потврди своето учество пред неколку месеци на конференцијата на Крит, Грција, каде истиот ден, во исто време се одржува панелот за Западен Балкан“, рече Криезиу.

Курти, како што наведе, ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот