Кремљ не открива со која вакцина ќе се имунизира Путин

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Кремљ соопшти дека намерно одлучил да не го открива името на руската вакцина со која претседателот Владимир Путин ќе биде денеска имунизиран.

– Намерно не кажуваме кој лек ќе го добие претседателот, истакнувајќи дека сите три руски вакцини се апсолутно безбедни и ефикасни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Песков, Путин веќе направил многу за промовирање на вакцини од руско производство, од кои најпозната е „Спутник V“.

Москва, исто така, даде итно одобрување на уште две домашни вакцини – „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“.

Песков додаде дека на Путин не му се допаѓа идејата да се вакцинира пред камери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот