Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот

Благодарни сме за поддршката. Споделете, тагирајте, постирајте!, напиша министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави благодарност за повеќето креативни постери кои македонските дизајнери ги прават деновиве како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

– Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Благодарни сме за поддршката. Споделете, тагирајте, постирајте! – напиша министерот Филипче.

Серија мерки се преземени во изминатите денови за спречување на ширење на коронавирусот во Северна Македонија.

Досега има 18 евидентирани случаи на коронавирусот во Северна Македонија, а многумина се во самоизолација.

Погледнете и инспирирајте се од предизвикот – На хаштагот #СедиСиДома се споделуваат креативни и поттикнувачки објави околу состојбата со коронавирусот и почитувањето на препораките:

Теано Кардула @cardula007

Ангела Талевска @one.pisces

Јованка Атанасовска

Студио Преплет @prepletstudio

Зоран Кардула @ZKardula

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот