Кратка романса: Ѕвездата на „Сексот и градот“ откри како ја „споиле“ со Метју Пери
Кристин Дејвис, ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ (Sex and The City) се присети како била „споена“ со актерот од „Пријатели“ (Friends), Метју Пери.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Дојдов на таа вечера, тоа беше круг луѓе од Холивуд. Не знам кој сè беше таму, освен тој адвокат и Метју“, раскажа Дејвис во нејзиниот поткаст, каде го опиша Пери како прекрасен човек, нагласувајќи дека седнал покрај неа и почнал да зборува за тоа колку е воодушевен и колку тој и неговата екипа се среќни на снимањата на „Пријатели“.

Општата среќа и ентузијазмот на Пери кон работата оставиле силен впечаток врз Дејвис.
„Си помислив: ‘Вау, тој е навистина среќен.’ Јас бев дел од ‘Мелроуз’, а таму атмосферата не беше баш најсреќна. Беше стресно. Имаше 15 главни актери. Секој имаше чувство дека може да биде исфрлен. Беше малку натпреварувачки и напнато“, изјавила актерката.
И покрај ведриот настап, пишува „Пејџ Сикс“, Пери целиот живот се бореше со зависности и злоупотреба на супстанции. Актерот почина во октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, од акутни ефекти на кетамин. Во обдукцискиот извештај, како фактори кои придонеле за смртта, се наведени и давење, коронарна артериска болест, како и дејство на бупренорфин, опиоид.
„Не можам да ги променам луѓето!“: Кристин Дејвис за кавгата меѓу Ким Катрал и Сара Џесика Паркер


