„Кралот“ се врати на тронот: Ентони Џошуа е новиот светски шампион!

фото:твитер

Ентони Џошуа со едногласна одлука на судиите беше подобар од Американецот со мексиканско потекло, Енди Руиз и повторно стана светски шампион во тешка категорија пред околу 15.000 илјади гледачи во Саудиска Арабија.

После 12 рунди борба сите судии гласаа во корист на Џошуа (118-110, 118-110, 119:109) и ги врати титулите тешкашки првак на светот по верзии ИБФ, ВБО, ИБО, ВБА.

Да потсетиме, овие двајца боксери веќе се сретнаа еднаш во јуни годинава каде што изненадувачки триумфираше тогаш Рууз, но сега се реваншираше Џошуа.

Овојпат видовме поразлична слика во рингот, Британецот беше подобар, Руиз како да не беше во состојба да му направи некои поголеми проблеми на ривалот.

Уште во првата рунда пукна аркадата на Руиз, но тој во наредната возврати со иста мера кон Џошуа.

Следуваа неколку помирни рунди, во кои Џошуа полека ја стекнуваше предноста, а борбата стана пожестока некаде од седмата рунда.

Самиот финиш не донесе ништо практично, последните две рунди можеби и беа најдосадни, без скоро никакви сериозни удари, а Џошуа дури и избегнуваше права борба, свесен дека е во бодовна позитива.

Руиз во текот на последната, 12. рунда дури и повикуваше на поголема битка, но тоа го игнорираше Британецот кој го дочека крајот по кој и започна неговото шампионско славје.

После мечот Руиз го прекина Џошуа во својот коментар за борбата и повика на трета борба, дали ќе ја има останува да видиме…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот