Кралицата Максима прозборе за смртта на нејзината сестра: Се трудевме да бидеме покрај неа, да ја насочуваме најдобро што можеме

Instagram
Instagram

Иако не е вообичаено за припадниците на кралските семејства, холандската кралица Максима направи отстапка и ја отвори врата на кралската палата во Хаг, откривајќи многу детали од својот приватен живот, што предизвика многу контроверзии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Máxima (@maximaqueen)

Кралицата Максима која во понеделникот го прослави 50-от роденден, реши да даде големо интервју за националната телевизија, со цел да си го подобри имиџот кој во последно време ѝ е сериозно нарушен.

Интервјуто кое се снимаше во службената резиденција на кралското семејство во Хаг, на Аргентинката која е на чело на холандскиот народ ѝ го направи новинарот Матијас ван Нијевкерк.

Кралицата зборуваше на разни теми, вклучувајќи ги и оние од приватниот живот, како загубата на сестрата Инес, своите врски со ќерките, како и идните планови на холандската монархија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Perfil.com (@perfilcom)


Болна загуба

Веројатно најболна работа во нејзиниот живот и најголем удар за неа била загубата на помладата сестра Инес Зорегета (33), која на 7 јуни 2018 беше пронајдена мртва во својот дом во Буенос Аирес, а според полицијата се работело за самоубиство. Кралицата изјави дека често ја прогонува таа немила случка и се прашува дали можела да направи нешто за да ѝ помогне на помалата сестра.


Се трудевме да бидеме покрај неа, да ја насочуваме најдобро што можеме, но, реалноста е таква што ние не сме професионалци. Последните седум или осум години од нејзиниот живот беа добри, но, ние едноставно не знаевме како да ѝ помогнеме. Страдаше од депресија и пореметување на личноста, веруваше дека самоубиството е единствен начин да се спаси, иако беше неверојатно талентирана, но, едноставно не сфаќаше – изјави кралицата и додаде дека таа загуба ја натерала да се насочи во помагање на другите, зборувајќи за важноста на лекувањето ментални болести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Máxima (@maximaqueen)


И покрај сè што се случило, кралицата Максима вели дека сестра си ја памети по насмевката, иако ѝ требале години да се помири со тоа што се случило и да ја прифати таква каква што била.

Но, иако популарноста на кралицата Максима опадна, тоа не е случај со нејзините три ќерки, принцезите Амалија, Алексија и Аријана. Најстарата од сите Амалија (17) е идната холандска кралица, а кога станува збор за нејзиниот став и моден израз, таа е најслична со мајка ѝ. Затоа Максима е убедена дека Амалија еден ден беспрекорно ќе ја одигра својата улога.

Сè уште не ја гледам како идна кралица. Таа за мене е само девојче – изјавила кралицата и додавајќи дека Алексија (15) е многу љубопитна и дружељубива, додека Аријана (14) е многу женствена и моќна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Máxima (@queen.maxima)


Одмор во време на пандемија

Она што беше од голем интерес за јавноста, е темата која беше актуелна минатата година и предизивка големи контроверзии, односно кога и покрај препораките на холандската влада да не се патува во странство поради пандемијата, кралското семејство замина на одмор во Грција. Тоа Максима го опиша како „погрешна проценка“, додавајќи дека во тоа време патувањата не биле целосно забранети, а таа сакала да продолжи да работи од семејниот дом во Кранида, на Пелопонез.

Иако се вратиле само по неколку дена, членовите на кралското семејство преку видео – снимка побараа прошка од јавноста, но, случката многу ѝ наштети на монархијата и ја изгуби поддршката од народот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Máxima (@maximaqueen)


Дополнителен удар беше купувањето луксузна јахта во тек на најголемата здравствена криза, а која Холандија ја чинеше милиони евра. Но, кралицата Максима не гледа голем проблем во сето тоа, без намера да ја потценува работата и делото на својот сопруг, смета дека како крал тој сето тоа го заслужува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот