Крај на една голема кариера: Славниот Агинагалде на 41 година се прости од ракометот

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Eден од најславните шпански ракометари, Хулен Агинагалде става крај на својата богата кариера.

Искусниот ракометар заминува во пензија на 41 година, а кариерата ја завршува на 41 година во клубот каде и што започна.

Кариерата ја започна во 1999 година во Бидасоа каде остана до 2006 година, потоа се пресели во Адемар Леон каде што остана до 2009 година, од таму продолжи во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид се до 2013 година.

Следна станица во неговата кариера беше Полска и тимот на Кијелце каде што остана цели седум години и ја освои Лигата на шампионите во 2016 година. Во јуни 2020 година се врати во Бидасоа каде сега ја заврши кариерата.

По натпреварот со Пуенте Хенил во кој објави пензионирање неговиот тим го повлече дресот со број 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот