Пеп Гвардиола/EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Крај на една ера: Гвардиола заминува по една деценија, познато е и кој ќе го наследи во Манчестер сити

Италијанскиот стратег Енцо Мареска ќе биде нов тренер на Манчестер сити, пренесува познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here we go“.

Според неговите информации, меѓу двете страни веќе е постигнат целосен договор, а Мареска треба да стави потпис на тригодишен договор со тимот од Манчестер.

Мареска важи за човек кој одлично ја познава филозофијата на клубот, со оглед на тоа што претходно беше дел од стручниот штаб на Гвардиола. Во изминатиот период Италијанецот постепено ја градеше својата самостојна тренерска кариера, а во Сити го гледаат како природен наследник на шпанскиот стратег.

Гвардиола во Манчестер сити пристигна во 2016 година и оттогаш ги водеше „граѓаните“ на 591 натпревар во сите конкуренции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот