Фатмир Битиќи/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Крадците однеле метален сеф со злато, пари и вредни часовници од домот на Битиќи

Тројцата крадци кои викендов го ограбиле домот на пратеникот од СДСМ и поранешен вицеремиер, Фатмир Битиќи во скопската населба Бутел, однеле метален сеф со златен накит и пари, како и вредни рачни часовници, потврди тој за ТВ „24“.

Битиќи, кој бил надвор од државата кога се случила кражбата, вели дека се сомнева оти случајот има политичка позадина.

„Сè се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од три и пол до четири минути. Дома имам поставено и аларм и видеонадзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата, а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари, но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм“, вели Битиќи за телевизијата.

Според телевизијата ОРА24, во сефот на Битиќи, покрај накитот и часовниците, имало и околу 50.000 евра, а од домот на Битиќи наводно биле украдени и документи со доверлива содржина.

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети“, извести денеска МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот