Ковеши: Само независно судство може да дели правда

Европската главна обвинителка Лаура Ковеши на вториот ден од посетата на Софија изјави дека само независно судство може да дели правдата, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа денеска се сретна со четворица бугарски судии делигирани за европски обвинители, а потоа и со обвинителите од Вишиот судски совет, од кои зависи номинацијата на уште шестмина судии.

– Дури и ако имате независност и добро законодавство, но немате добар буџет, не можете да бидете ефикасни, посочи Ковеши.

Но, според неа, сè зависи од квалитетот на луѓето и затоа за Европското обвинителство е важно да бидат именувани најдобрите – независни, активни и смели обвинители. Посетата на Ковеши на Софија се должи на неисполнетата квота на бугарските претставници во Европското обвинителство.

Ковеши истакна дека ако некој се обиде да се меша во работата на делегираните обвинители, тоа ќе биде јавно соопштено.

– Кандидатите мора да ги исполнуваат критериумите за независност и да имаат искуство за случаите што се во надлежност на Европското јавно обвинителство. Процедурата ќе почне следната среда. Ако и тие кандидати, исто така, не ги исполнуваат нашите критериуми, јас нема да дадам предлог за нивно именување, наведе Ковеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот