Ковачевски по средбата со Лајен: Уставните измени се една од обврските и одлуките што треба да нѐ донесат на патот до полноправно членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, одржана на маргините на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023 во Братислава изјави дека таа се залага за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со тоа што потврди дека е претседател на Европската комисија, којшто се држи до својот став и којшто се држи до обврските коишто Европската комисија ги има преземено со преговарачката рамка.

Во изјава за МИА, Ковачевски потенцираше дека една од тие работи е тоа дека македонскиот јазик е веќе официјален во ЕУ преку потпишување на договорот со ФРОНТЕКС на којшто и таа самата присуствуваше.

Ковачевски посочи дека на средбата со Фон дер Лајен разговарале и за претстојната одлука што треба да се донесе во нашето Собрание и дека ја информирал за процедурата која што веќе е почната.

-Се согласивме дека е тоа процес којшто треба да заврши согласно со преземените обврски со преговарачката рамка и дека е практично еден од чекорите за исполнување на нашата втора стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ, која што недвосмислено и силно е поддржана и од претседателката на Европската комисија, и од ЕУ, и од Европскиот совет и секако од САД, нашите стратешки партнери, изјави Ковачевски, нагласувајќи дека и ЕУ и САД имаат практично исти став во однос на тоа дека Северна Македонија треба да стане членка на Унијата.

Според него, уставните измени се една од обврските и одлуките коишто треба да нѐ донесат на патот до полноправно членство во ЕУ и затоа, Ковачевски вели дека „гласот во Собранието е практично глас за Европа“.

-Ние за полноправното членство во ЕУ себеси си имаме зададено рок до 2030 година, ќе направиме и низа други реформи за коишто се потребни две третини или квалификувано мнозинство во Собранието и тоа реформи во економскиот сектор, реформи во правосудниот сектор, реформи во образовниот сектор и во многу други сектори, коишто ќе го унапредат нашето општество и да можеме кога ќе влеземе во ЕУ да бидеме на ниво на земјите членки на ЕУ, потенцира Ковачевски.

Средбата со Фон дер Лајен, премиерот Ковачевски ја оцени како исклучително значајна и продуктивна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот