Димитар Ковачевски / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Ковачевски ќе учествува на Парискиот мировен форум

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе учествува на отворањето на шестиот Париски мировен форум, информираат од владината прес-служба.

На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој”.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е Ковачевски да има билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.

Главна цел на Форумот, како што наведуваат од Владата е да ја поттикне соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот