Ковачевски: Да се фокусираме на одлуката што не обединува, а тоа е европската иднина

Фото: СДСМ

Во денешното обраќање премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, по повод 8 Септември – Денот на независноста,  упати порака за обединување како општество околу европската иднина на земјата.

-На Денот на независноста упатувам порака да гледаме напред кон иднината исполнета со надеж и реална, дофатлива можност за подобар живот. Да се фокусираме на она што не обединува како општество и како земја и да ја донесеме одлуката за уставни измени заедно. Тоа е одлука за европска иднина со која ќе се гордееме сите денеска, но ќе се гордеат и нашите деца и внуци во децениите пред нас. Гласот на 8  Септември е глас за европска држава, глас за европска република, рече Ковачевски.

Стремежот на нашите предци, на револуционерите, партизаните, преродбениците, не бил да бидеме сами и изолирани, додаде Ковачевски.

-Тие се бореле и сонувале силна и напредна држава, рамноправна со големите европски држави. Да може самите да одлучуваме за себе. А не други да одлучуваат за нас, да ни ја кројат судбината, денешницата и утрешнината. Затоа, гласникот на слободата од 8ми септември 1991 година бара да го чуеме гласот за иднината. Тоа е гласот за Европа, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пред една година ветил успешно справување со енергетската криза и го остварил, а сега ветува дека следниот избран претседател на државата, на изборите наредната 2024 година ќе биде од редовите на СДСМ и токму СДСМ ќе ја формира и новата проевропска Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот