Ковачевски: Барањата на „Анима Мунди“ се легитимни, ќе се подготви нов закон за миленици

Димитар Ковачевски, фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сите барања на „Анима Мунди“ се легитимни и тој во целост ги поддржува. Тој вели дека му дал налог на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, да подготви сосема нов закон за миленици, во кои ќе биде опфатени барањата на организциите за заштита на животните.

-Барањата се легитимни и ќе се подготви нов закон кој ќе ги опфати сите услови за чување на домашни миленици, почнувајќи од чипирањето. И јас чувам куче и знам како е. Во однос на кучињата скитници, сметам дека е време и градоначалниците да си ја вршат својата работа и да поведат грижа за тоа што им се случува на нивните улици. Не ги биравме градските татковци, постојано да се жалат, туку да работат – поентираше Ковачевски.

Анима Мунди вчера го потсети премиерот дека во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот.

Притоа како основни издојува: законска забрана за еутаназија на бездомни животни, законска забрана за размножување на кучињата, освен во случај на регистрирана одгледувачница, регулирање и воведување данок за таа дејност, законска забрана за напуштање миленик, задолжително регистрирање (со микро чип) на животните од раѓање и создавање функционална јавна и единствена база на податоци од домашни миленици како и кучињата кои се користат при лов, а кои често пати се напуштаат или подаруваат доколку не ги задоволуваат потребните стандарди и прецизна законска регулација на трговијата со домашни миленици во пет-шоповите и одгледувачниците (кучиња/мачки).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот