Костов: Потребен е нов закон за заштита на културното наследство, но и реорганизација на институциите што се занимаваат со ова (ВИДЕО)

Започнати се подготвителни активности и превентивна заштита на ѕидното сликарство на црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново.

Според предвидената динамика во фази, во моментот се работи на јужниот ѕид во наосот на црквата, каде се поставува заштитна газа, која ќе го обезбеди ѕидното сликарство во процесот на инектирање на ѕидните маси.

Истиот овој процес ќе продолжи и врз останатите површини, кои согласно проектот, се предвидени за третирање.

Реализацијата на овие активности е предуслов за започнување на Конзерваторскиот проект за конзервација и реставрација на црквата Св. Ѓорги – с. Курбиново, Ресен 1 ФАЗА, што подразбира конзерваторски зафати на архитектурата на самиот објект.

-Средствата за реализација на проектот се обезбедени од страна на Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за финансирање на проекти од јавен интерес во културата за 2020 год, изјави во „Утрински брифин“ на „Слободна ТВ“г директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов.

-Се надевам дека во иднина во проектите со ЕУ ќе се отвараат проекти на спојување на културното и природното наследство. Исто така се надевам дека соработката во иднина ќе значи и подигнување на нивото на технолошките развојни моменти. Ние имаме доволно луѓе кои ја знаат материјата но имаме недостаток, односно ќе немаме стручањаци на кои ќе може да им се пренесе знаењето. Занаетскиот момент е многу битен. Тој се учи многу години и во одреден момент е особено важно да се употреби, вели Костов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот