Костени, богатство од витамини и минерали: Цезар ги запалат шумите со костени на подрачјата што ги освојувал за да ги остави жителите без храна

Фото: Profimedia

Стотина грама печен костен има околу 245 калории, па затоа плодовите ги нарекуваме намирница со висока енергентска вредност. Интересно е дека калориската вредност двојно се зголемува со неговата термичка обработка, а се зголемува и количината на белковини и јаглехидрати во плодот.

Постојат два вида костени – питом костен (Castanea sativa) и див костен (Aesculus hippocastanum). Питомиот костен е тој што се јаде и кој ги развеселува нашите непца, додека дивиот костен повеќе се користи во медицински цели.

Плодовите на питомиот костен ја прочистуваат крвта и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат и многу енергија бидејќи содржат многу јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за јакнење на организмот, додека во средниот век плодовите на питомиот костен се сметале за важна намирница во исхраната. Исто така, познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите со костени на подрачјата што ги освојувал, само за да го уништи основниот извор на храна на локалните жители.

„Капсула“ богата со витамини и минерали

Во еден костен се наоѓаат дури 54 отсто вода, белковини, јаглехидрати, а главна состојка му е скробот (40 отсто). Тоа е „капсула“ богата со калциум, калиум, бакар, манган, фосфор, железо, и повеќето витамини од Б групата. За да ги задоволиме потребите од витамини и минерали, се препорачува да се консумира дневно по 85 грама костени. Нетипично за костенот е што изобилува со витамин Б9, кој инаку го наоѓаме во зеленчукот, кој е заслужен за формирање црвени крвни зрнца и синтеза на ДНК.

Единствена мана му е високата енергетска вредност, но затоа е одличен за децата, спортистите, постарите луѓе и за сите изложени на поголем физички напор. Од другите јаткасти плодови се разликува по ниското ниво на масти, а единствен е меѓу нив што содржи витамин Ц.

Костенот им се препорачува на лицата што сакаат да ја зајакнат мускулатурата, кај анемијата (слабокрвноста), физичката и интелектуалната исцрпеност, како и за енергетска поддршка во текот на растењето.

Ова специфично овошје е добро за лекување на респираторните проблеми, како што е кашлањето. Чајот од костен е вистински благодат за ублажување на симптомите на астма и бронхит. Медот од костени, пак, е исклучително хранлив и лековит. Го лекува гастритисот и проблемите со варењето, го штити црниот дроб и придонесува за подобра циркулација на крвта.

Природен лек за реума и гихт

Овој есенски плод е извор на влакна, кои помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта. Со костенот внесуваме фосфор и магнезиум, како и калиум кој помага во рамнотежата на нивото на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок. Костенот би требало да го јадат оние луѓе што страдаат од хронични ревматски болести и гихт, а се препорачува и за спречување предвремено стареење. Со оглед на тоа дека содржи малку натриум, неговиот состав е идеален за исхраната на луѓето со бубрежни и срцеви заболувања. Особено се препорачува за лицата со проширени и воспалени вени или со хемороиди.

Од плодовите е позната т. н. тинктура за проширени вени, која се користи при проблеми со циркулацијата, при болки во коските, зглобовите и грбот. Цветовите исто така се користат за изработка на тинктура за лекување ревматски тегоби, гихт, артритис и невралгија.

СОВЕТ: При неговото консумирање, треба да ви биде единствено јадење, односно избегнувајте ги комбинациите со друга храна за да се свари полесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот