Костадинов: Енергетската криза донесе лекции кои мора да ги научиме

Перо Костадинов, претседавач на ЦО на СДСМ и  градоначалник на Валандово / Утрински брифинг

Новоизбраниот потпретседател на СДСМ Перо Костадинов во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 вечерва рече дека со енергетската криза, која не е проблем само кај нас, туку и во Европа и во светот, немаше непредвидени сценарија, бидејќи со брзи реакции, сѐ што е на располагање е ставено во капацитет.

„Не се остварија сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на цената на струјата за 40%, а овој процес треба да не научи дека мора да вложуваме во суштинските работи и целиот наш капацитет како држава наредниот период да го насочиме кон суштинските прашања“, рече Костадинов.

Тој нагласи дека во минатото имало многу малку вложувања во енергетиката, но и дека сега се залудни обвинувањата за тоа кој е виновен.

„Мора да се научат лекциите, што не се вложувало во минатото во енергетиката“, рече Костадинов, нагласувајќи дека освен оваа криза, ја имаме и економската и здравствената, но владата успеа тоа да го менаџира.

Тој додаде дека за опозицијата енергетската криза е тема која ја злоупотребува, заборавајќи што како систем и како земја не довело до ова ниво.

„На зборови можеме да бидеме сите многу ефикасни, ајде да видиме како со постапки можеме да креираме политики и да донесеме конкретни резултати, а тоа е кога државните интереси ќе се стават над партиските“, порача Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот