Косовскиот министер Свечља: Србија нема да престане со провокациите

Фото: РТК/принтскрин

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека и покрај подобрувањето на ситуацијата на северот, српските провокации против Косово нема да престанат, објави Коха.

„Убедени сме дека провокациите на Србија против државата Косово нема да престанат. Видовме мешавина од различни дестабилизирачки акции во четири северни општини во изминатите неколку дена под директно влијание на српската држава и претседателот Вучиќ. Влијанието дојде во форма на мобилизација, финансирање и логистичка поддршка. Покрај тоа, имало и српски вооружени сили стационирани на границата. Секако, имаше влијание и од Русија, како и од криминалните организации во регионот, кои со години го злоупотребуваа северот на Косово како транспортен пункт за стока, дрога, па дури и луѓе и успеваа да заработат огромен профит. Сите овие фактори заедно го дестабилизираа не само северот на Косово, туку и целата земја“, рече Свечља.

Тој изјави дека има причина за загриженост, но не и за страв, одговарајќи на прашањето „дали очекува Србија да го нападне Косово“.

„Бевме и сме загрижени, но нималку исплашени. Анализата на ситуацијата се заснова на постоечки факти и причини. Но, не може целосно да се исклучат неразумните сценарија. Во моментов сме сведоци на војна во Европа, преминувајќи ги црвените линии што до неодамна изгледаа незамисливи“, рече тој.

Свечља е на мислење дека „српската заедница на север е во тешка ситуација поради постојаниот притисок од Белград“.

„Знаеме дека на нашите граѓани на северот на Косово не им е лесно. Затоа што тие се под постојан физички, психолошки и финансиски притисок од криминалните организации под контрола на Белград. Но и разни криминални организации од регионот.Убеден сум дека и таму наскоро ќе завладее редот и законот“, рече Свечља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот