Косовски медиуми: Министерот за одбрана поднесе оставка, незадоволен од политика на Курти

Kosovo
фото: Panthermedia / Profimedia

Министерот за одбрана Арменд Мехај во наредните денови ќе ја напушти функцијата, а неговото писмо со оставка веќе две недели стои на масата на косовскиот премиер Албин Курти, пренесува Демократија.

Според шпекулациите, како што наведуваат приштинските медиуми, причините за оставката на Мехај се поврзани со незадоволството од политичката линија на Курти која доведе до меѓународни санкции и од неговите вработени во Министерството за одбрана.

Се наведува и дека Мехај е особено незадоволен од неговиот заменик Шемси Сиља, кој, како што се наведува, се однесува како да е министер.

Според изворите на тој медиум, Мехај планира деновиве да свика прес-конференција и јавно да ја соопшти оставката со образложение.

Тие додаваат и дека Мехај е незадоволен и од пристапот на Курти за американската поддршка за КБС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот