Косовски инвеститор на диво градел бунгалови во Леуново, доби кривична пријава

дивоградби маврово леуново
Дивоградби во Маврово/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

42-годишен косовски државјанин доби кривична пријава поради тоа што бесправно изградил осум бунгалови во Леуново, на Мавровското Езеро, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021, на место сопственост на хотел во с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, Ш.Р., сопственик на фирма, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнал изградба на осум објекти – бунгалови од цврста градба“, се вели во полициското соопштение.

Медиумите минатиот месец известија дека во Маврово се градат 87 нелегални објекти и дека на националниот парк му се заканува градежно уништување.

Како што пишуваше „Слободен печат“, прекумерната урбанизација веќе предизвикува големи проблеми за жителите на Леуново и сопствениците на викендички во селото.

Директорот на НП Маврово, Самир Ајдини, вели дека досега немаат добиено барања за легализација на нелегално изградени објекти.

„Ние го штитиме државното земјиште кое е во рамките на националниот парк и даваме мислења, урбанизмот и дозволите се во надлежност на локалната самоуправа“, изјави Ајдини, со кого „Слободен печат“ разговараше за уништувањето на Маврово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот