Косовски државјанин приведен на ГП „Долно Блаце“, управувал со украдено возило кое се бара во Холандија

Апсење / Фото: МИА

Полицијата вчера уапсила државјанин на Косово кој управувал со украдено возило, а за него имало и меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.

На 11.07.2023 во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Долно Блаце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода Ш.К.(38) од Косово. При преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија – информираат од МВР.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот