Косовската полиција побара од старец да ја соблече маичката со Шешељ, погледнете што тој направи (ФОТО)

Многу Срби се собраа денеска во Газиместан за да го одбележат празникот „Видовден“. На Косово дојдоа со со организиран превоз во голем број само за да и се приклучат на оваа прослава.

„Indeksonline“ пишува дека како и секоја година, така и денеска, меѓу граѓаните имало и такви кои носеле маички со различни натписи кои се непријатни за Албанците.

Според истиот медиум, денеска во Газиместан бил забележан и еден постар човек кој имал облечено маичка со ликот на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ.

„Овој чин не само што не им се допадна на некои од учесниците, туку го привлече и вниманието на косовската полиција. Така што полицијата побара од старецот да ја соблече блузата што предизвика незадоволство, а старецот воопшто не се спротивстави и ги послуша полициските наредби”, јавува „Indeksonline“ .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот