Албин Курти / Фото EPA-EFE/ARBEN LLAPASHTICA

Косово почна да прифаќа мигранти депортирани од САД

Косово почна да прифаќа државјани на трети земји депортирани од САД, изјави доцна вчера премиерот во заминување Албин Курти, како дел од договорот постигнат во јуни меѓу двете земји, пренесува ТВ А2 Си-ен-ен.

„Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија. Ако не се лажам, еден или двајца од нив се тука“, рече Курти во интервју за локална телевизиска станица, осврнувајќи се на јунскиот договор.

Овој договор, кој го склучи владата во заминување, беше важечки една година и се однесува на педесет лица „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло“, изјави Курти во тоа време.

Косово, кое еднострано прогласи независност од Србија во 2008 година, сакаше да ја изрази својата благодарност до Соединетите Држави за нивната поддршка и соработка со овој договор.

Како што објасни пролетва, владата сакаше да ја покаже „вечната благодарност“ на Косово кон Соединетите Држави, кои отсекогаш ја бранеле независноста на оваа српска покраина.

Оттогаш, Курти, кој беше прв на парламентарните избори во февруари, не успеа да формира влада и беше принуден да распише нови избори за 28 декември.

САД неодамна ја обвинија партијата на Курти дека „ја загрозува стабилноста“ на земјата со тоа што сака да спречи српска политичка партија да учествува на тие декемвриски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот