Космонаутко распали по пратеникот на ДС: Хајлендерски „политичару“ нека ти е на здравје и за здравје, ваќе таќе се вакцинираше

Денис Јанкуловски познат во јавноста како Космонаутко во фејсбук статус упати остра реакција кон Павле Трајанов, лидерот на партијата Демократски Сојуз порачувајќи му дека и покрај тоа што родители на деца со посебни потреби или лица со ретки болести не добиле вакцина и чекаат да бидат ставени на листа за имунизација, пратеникот иако ја примил, ја бира и бара друга. 

-Павле Трајанов доби вакцина. Ама Павле бира вакцина..
Многу мои пријатели, родители на деца со посебни потреби или со ретки болести НЕ ДОБИЈА вакцина. А тие бираат ВАКЦИНИРАЊЕ!
Ајде сега вечити састав у Влади Павле, седни и пресметај колку време си потрошил во сериозно барање од државата да те вакцинира? Колку апели си напишал објаснувајќи дека тебе ти треба вакцина од многу причини? Колку пати, колку постови, колку писма и гласни размислувања си посветил на детално објаснување зошто со сите сили се бориш за таа вакцина? Колку денови, недели, месеци наназад си барал илајда и еден начин се она што за тебе и твоето семејство значи таа вакцина да допре до оние кои ете го имаат тоа ексклузивно право да кажат сега Павле, па Денис, па овој па оној…..?
Удри математика? Пресмета?
Верувам дека не потроши ни 2 секунди нели? Затоа што ова не си го направил, ама си дојде во Борис на вакцина. Не била Спутник, била Фајзер.
Ама си дојде нели.
НА ВАКЦИНА!!!!!!
Е сега, оваа горе споменатава математика, со сите тие A, B, C или x/y, се ова помножи го со милион на ента и така отприлика ќе подразбереш како им е на сите тие борци родители, на тие страдални семејства дискриминирани, заборавени, невидливи како им минуваат деновите чекајќи го и тоа како важниот СМС „Вашиот термин е на таа и таа дата во толку и толку часот“(можеби веќе и не чекаат, можеби и надежта некако како да им спласнува гледајќи небулози).
Колку пати стиснале ЕНТЕР верувајќи дека некој одлучујучи ќе го причита тоа?
Тие иако потиштени знам дека и натаму ќе се борат да дадат до знаење дека се изиграни и дека сепак имаат мала трошка надеж дека кај да е ќе им титне мобилниот со NEW SMS.
И да хајлендерски „политичару“, не се само тие, има многу други категории кои требаше и досега да бидат вакцинирани. Категории кои веќе требаше да доаѓаат за ревакцина. Категории кои ја немаат таа можност да „бираат“ но тие и не бираат кинеска, руска или друга.
Тие бираат вакцина!!!
Затоа, нека ти е на здравје и за здравје, ваќе таќе се вакцинираше.
А сега м`к м`кавица……

ПратеникотПавле Трајанов реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор, што важи за останатите граѓани и остро негодуваше што тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската „Спутник Ве“

ФОТО+ВИДЕО | За пратениците само „Спутник“, Трајанов реагира дека се дискриминирани: Не може од Фејбук да се гради политика!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот