Кошаркарската федерација со нова парична казна за МЗТ Скопје Аеродром

На дербито МЗТ - Работнички имаше навредлива содржина за Перо Антиќ, првиот човек на мак-кошарката/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кошаркарската федерација на Македонија вторпат во краток период, парично го казни МЗТ Скопје Аеродром, но овој пат наместо Дисциплинската комисија, која неодамна изрече санкција од 300.000 денари и двегодишна суспензија на директорот Тони Грнчаров, на која веќе се жалеше клубот, тоа го стори комесарот Александар Милојевиќ поради извештајот на делегатот од неодамнешното вечно-дерби во кое „металците“ лесно и убедливо го совладаа Работнички (87:66).

На КК МЗТ Скопје Аеродром му е наложено да плати 8.000 денари поради наводното „неспортско навивање“ на своите навивачи упатено кон тренерот на гостинската екипа Тони Симиќ.

Како и дополнителни 16.000 денари поради истакнување на транспарент, кој, според нивните стандарди, имал навредлива содржина кон „Претседателот на КФСМ“, Перо Антиќ.

– Колку и да не се согласува со причините за изречените казни, МЗТ Скопје стоечки ќе ги прифати санкциите, со надеж дека делегатите и комесарот ќе бидат исто така ревносни во санционирањето на исти и слични работи на средбите кои нашиот тим ќе ги игра на гостинските терени – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

МЗТ се жали на казната: Пресудата мора да биде праведна, самиот Антиќ се потпишуваше како небитниот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот