Кошаркарките на Баскет КАМ ги обединија двете круни

Бадел 1862 за ривал го има словенечкиот претставник Цинкарна Цеље/Фото: kfsm.mk

Екипата од Македонска Каменица беше и по третпат подобра од Бадел 1862, славеше со 86:66 за конечни 3:1 во големото финале…Баскет КАМ е новиот женски кошаркарски шампион на Македонија и за првпат во своето постоење стигна до шампионскиот пехар.

Воедно и обединување на двете круни во женската кошарка во сезоната 2020/2021, откако пред месец дена беа подобри од Бадел 1862 и во финалниот меч од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“.

Апсолутно заслужено, доколку се земе в предвид дека во долгата сезона, имаа само два порази. По еден во Суперлигата и еден во плеј-офот, од нивниот противник во мечевите кои ги носеа трофеите. Но, тоа веќе е минато сегашноста вели дека Баскет КАМ е најдобриот женски колектив во оваа сезона.

Четвртата приказна од финалната серија беше налик на дел од претходните. Уште во раната фаза кошаркарките на Баскет КАМ обезбедија двоцифрена предност. Уште еднаш во голема мерка, со индивидуалните квалитети кои ги поседува Анџелика Митрашиновиќ, и овојпат со асистенција на Гобељиќ, а во втората четвртина и од Поп-Димитриоска, која собра десет поени.

По седум минути игра, веќе беше (22:12) за екипата-домаќин во ова финале. За првиот дел од играта заврши и со нешто повисоки (29:18). Митрашиновиќ немаше намера да сопре ниту во вториот период, со неколку точни шутеви за три поени, и пробивања во противничкиот рекет, на својот тим му донесе и двојно поголема предност.

Прва лига, плеј-оф: Еуро Никел 2005 ќе се бори за шампионскиот пехар!

По 17 минути игра, Баскет КАМ ја удвои позитивата. Имаа „плус 21“ (46:25), потоа и уште повисоки (51:27), по што полека почна да се формира славеничка атмосфера во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Јасно и поради што, актуелниот освојувач на Купот, имаше најубедливо водство (54:29). Второто полувреме од овој последен меч за сезоната 2020/2021 се претвори во една обична формалност.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ

Бадел 1862 – Баскет КАМ 64:60

Баскет КАМ – Бадел 1862 78:73

Бадел 1862 – Баскет КАМ 59:71

Баскет КАМ – Бадел 1862 86:66

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот