Кошаркарите на Партизан ја урнаа Алба и ги одржуваат надежите за Топ 8 во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Партизан вечерва во Белград ја совладаа екипата на Алба со резултат 88:74 во натпреварот од 26 коло во Евролигата.

Најефикасен во победничките редови на српскиот кошаркарски клуб беше Аврамовиќ со 19 поени, три помалку запиша Пантер, а Ледеј уфрли 13.

За германскиот претставник најрасположен беше Маодо Ло со 17 поени.

По овој триумф белградските „црно-бели“ се моментно на шестото место на евролигашката табела со учинок 14-12, додека Алба е на последната позиција со седум победи и 19 порази.

Во следното коло Партизан на 7 март ќе гостува кај Виртус, доека Алба во Берлин ќе биде домаќин на Жалгирис.

Евролига, 26 коло

Четврток, резултати –

Барселона – Жалгирис Каунас 93:74
Баерн – Црвена звезда 87:80
Панатинаикос – Анадолу Ефес 82:87
Монако – Макаби Тел Авив 86:67
Партизан – Алба Берлин 88:74

Табела: Олимпијакос 18-7, Барселона 18-8, Реал Мадрид 17-7, Монако 16-10, Фенербахче 15-9, Партизан 14-12, Анадолу Ефес 13-12, Басконија 13-12…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот