Војдан Стојановски/КФМ

Кошаркарите денеска играат во Баку, Војдан се израмнува со Гечевски

Во Баку денеска капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ќе испише нова страница во националната историја.

На натпреварот закажан за 17:00 часот, Стојановски ќе се израмни со Тодор Гечевски по бројот на одиграни официјални средби во дресот со државниот грб, двајцата со по 90 настапи на официјални дуели.

Според статистиката на ФИБА, во оваа бројка не се пресметани двата меча од Европското првенство во Полска во 2009 година, против Германија и Русија, кога Стојановски не доби минутажа.

Зад себе има две децении минати во националниот тим, период во кој се издигна и до четвртото место на вечната листа на стрелци. Досега има постигнато 881 поен, а веќе на денешниот дуел може да напредува на оваа вечна листа, бидејќи Гечевски е пред него со само десет поени повеќе.

На врвот на листата и понатаму се Врбица Стефанов со 947 поени и Петар Наумоски со вкупно 1.040 поени во дресот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот